-->
-->
Палмер: Договорот предвидува меѓусебно признавање на Косово и Србија и не исклучува промена на границите
-->
Заменик помошникот државен секретар на САД, Метју Палмер изјави дека САД се посветени на постигнување траен договор меѓу Белград и Приштина, кој подразбира меѓусебно признавање, но додаде дека е „сосема можно“ таквиот договор да вклучува и „прилагодување“ на границите.– Ние ја поддржуваме нормализација на односите меѓу Белград и Приштина. Двете страни мора сами да постигнат договор и тој мора да биде траен и сеопфатен. Во суштината на ова, за нас тоа значи взаемно признавање. Сосема е можно ова да вклучува прилагодување на границата меѓу Србија и Косово. САД не го заговара ова, но и не го исклучува, истакна Палмер за хрватската агенција Хина.
Според Хина, Палмер нагласи дека од Белград се очекува признавање и прифаќање на Косово како суверена и независна држава, додека Косово би морало да ја признае Србија како свој сосед.
– Постои простор страните да склучат договор што ќе биде прифатлив за јавноста и во едната и во другата земја. Ние би сакале да видиме страните да постигнат договор, сакаме да ни го донесат и добро да го погледнеме. Ако имаме дилема, ние тоа јасно ќе го ставиме до знаење и на тоа ќе работиме со двете страни за договорот да го обликуваме во нешто што и САД може да го прифатат и потврдат, рече Палмер.
Тој рече дека спорот меѓу Приштина и Белград е извор на нестабилност во регионот, додека нормализацијата на односите ќе ја доближи Србија и Косово до европската интеграција.
Палмер потсети дека двете страни мора прво да се вратат на преговарачка маса, бидејќи преговорите се блокирани поради високите такси на Косово воведени на производи од Србија и БиХ.
– Америка сака Косово да ги укине овие царини за дијалогот да се рестартира. Дури и привремено укинување на таксите би овозможило покренување на дијалогот. Ние го повикаме Косово да ги суспендира овие царини и да се овозможи дијалогот меѓу Белград и Приштина, рече Палмер
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тошковски од Вашингтон: Стратешкиот дијалог со САД носи конкретни резултати за безбедноста
-

Муцунски од Вашингтон: Стратешкиот дијалог ја реафирмира нашата улога како кредибилен сојузник и партнер
-

Уапсени седум лица, сузбиена организирана криминална група што недозволено тргувала со дрога | ФОТО
-

Намален бројот на ученици во основните училишта
-

Угостителски услуги во периодот јануари - март поскапеле за 3.0 % во однос на лани
-

Трамп за најавениот напад врз Иран: Вечерва ќе умре цела една цивилизација, која никогаш нема да се врати
-

Го оштетиле буџетот за 6,5 милиони евра, обвинети 25 лица меѓу кои службеници во УЈП
-

61 годишник натепал контролор на ЈСП откако го затекнал без билет
