Палевски: Не сум монструм, ниту убиец
Во Основниот кривичен суд во Скопје почна сведочењето на Љупчо Палевски, првообинет за убиствата на Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски.
Палевски во своето сведочење рече дека не се чувствува ниту како монструм, ниту како убиец и негираше дека ги извршил грабнувањата и убиствата.
- Не сум ги извршил убиствата, ниту грабнувањата. Едноставно немам мотив за тоа, затоа што во депото на Основното јавно обвинителство, се наоѓа хард диск Тошиба кој го одземаа со записник во кој има преку 200 илјади телефонски разговори, гнасотии на оваа политичка елита, но и на новинарската професија и доколку сум сакал да реализирам какво било користољубие сум можел да уценувам милијардери со Ферари и останати, но, ете, тоа не сум го направил. Така што не само што не сум го направил, туку немам мотив да направам такво злосторство, рече Палевски.
За медиумите рече дека се корумпирани и дека биле хранети со лаги кои требало да ги проверат.
- Една ипол година врескаат дека докази има, јас додека бев во Турција, за тој период имав турски адвокат кој ме застапуваше пред турскиот суд и ме извести, ми даде принтана копија од вестите каде што бев опишуван, како што бев опишан. На прес-конференцијата одржана на 5 декември кога е поднесена кривичната пријава, гледам дека постоело само едно вештачење во моментите на одржување на тој прес, ЈО до подигнување на кривичната пријава го има вештачено само телефонот на убиениот Панче Жежовски и тоа две вештачења за папиларни линии и днк. Сите останати вештачења се правени после 5 декември, рече Палевски.
Пред Палевски, сведочеа сите останати осомничени.
Во обвинението стои дека Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов и Александар Ѓорчевски, заедно испланирале грабнување на 14-годишната Вања со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп. Грабнувањето на оштетениот Панче Жежовски во Велес, пак, според обвинението, било со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „Цитроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје.
Малолетната Вања и велешанецот Панче, беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, а на 3 декември 2023 година беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес.
Ново на Сител
-
Сопартијците на Таравари одлучуваат за иднината во Вреди
-
Сопартијците на Таравари одлучуваат за иднината во коалицијата Вреди
-
Тема на денот со Сефер Селими, политички аналитичар
-
Не успеа обидот на ДУИ за надзорна расправа за Кочани
-
Тошковски за ДУИ, СДСМ и Левица – политички паразити на кои им пречи расчистување со криминалот
-
Шест закони под лупа на антикорупциска
-
Таравари: Ќе има одговорност ако се утврдат пропусти кај третманот на 57 годишниот пациент кој почина на Кардиохирургија
-
Финансиска полиција и ОЈО ја тресат ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Прилеп