Палестински извори: Најмалку 36 загинати во израелските напади во Појасот Газа
Најмалку 36 лица, вклучително и шест членови на истото семејство, загинаа утринава во израелското бомбардирање на Појасот Газа, соопштија палестинските извори од цивилната одбрана и болниците.
Индонезиската болница во Џабалија соопшти дека примила тела на девет жртви по израелски напад врз полициска станица во градот на северната палестинска територија.
Израелската војска потврди дека извршила напад во областа, прецизирајќи дека цел биле „терористи кои дејствуваат во командно-контролниот центар на Хамас и Исламски џихад“.
Во вториот воздушен напад врз куќа во северниот дел на градот Газа загинаа шестчлено семејство, брачна двојка и нивните четири деца, соопшти Цивилната одбрана.
Во неколку други напади загинаа најмалку 21 лице, особено во Кан Јунис, Ал Заваида и градот Газа.
Ново на Сител
-
Формално образование и за децата кои се на подолго болничко лекување – повеќе нема да губат настава
-
364 лица во 13 градови во државата се обучуваат да станат пожарникари
-
Преглед на вестите од светот
-
Од септември во образовниот процес ќе бидат вклучени и децата со онколошки заболувања
-
Во тек е постапката за убиството со стаклено шише во Психијатриската болница во Бардовци
-
Буково го труе Охрид и во лето
-
Преглед на вестите од светот
-
Убиство во психијатриската болница Бардовци