Палестинците подготвени за директни преговори со Израел

Палестинците се подготвени да ги обноват директните преговори со Израел и за помали измени на границата, се наведува во документот што вчера беше доставен до четворката блискоисточни мировни посредници (ЕУ, ОН, Русија и САД).
– Никој нема толку интерес како Палестинците за постигнување на мировен договор и никој не може да изгуби како Палестинците поради недостиг на мир. Ние сме подготвени да имаме наша држава со ограничен број на парчиња оружје и силна полиција што одржува ред и мир. Подготвени сме да го прифатиме присуствто на трета страна врз основа на мандат (на ОН), што ќе обезбеди исполнување на мировниот договор за безбедност и границите, наведе Палестинската управа алурирајќи на НАТО како „водечка меѓународна сила“.
Во документот се предлагаат и „мали измени на границата“, што заеднички ќе бидат договорени и ќе се засноваат на границата од 4 јуни 1967 година, кога почна окупацијата на Западен Брег.
Палестинскиот премиер Мухамед Штајех го претстави планот на Палестинците на почетокот од месецот, но не наведе детали. Планот е одговор на администрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп, кој предвидува израелска анексија на делови од Западен Брег и создавање на демилитаризирана палестинска држава на преостанатиот дел од таа територија.
Планот на Трамп предвидува источен Ерусалим да не биде главен град на идната палестинска држава, додека Палестинците инсистираат на тоа.
Ако Израел прогласи анекција на кој било дел на палестинската територија тоа ќе значи поништување на сите потпишани договори, се посочува во документот.
Израел планира да ја анектира стратешката Долина Јордан и сите еврејски населби во Западен Брег односно околу 30 проценти од палестинска територија окупирана во 1967 година. Во Западен Брег живеат 2,8 милиони Палестинци, а во изминатата деценија бројот на еврејски доселеници се зголеми за 40 отсто на повеќе од 450.000 луѓе.
Ново на Сител
-

Марта Кос: Трагедијата во Нови Сад ја менува Србија
-

Израел ги врати телата на 30 Палестинци, Хамас предаде неидентификувани останки на три лица
-

Вкупно 422 болни и изнемоштени лица и тројца затвореници денеска гласаат за градоначалник на Струга
-

Во Крушево денеска гласаат 255, а во општина Долнени 134 болни и изнемоштени лица
-

Поднесено обвинение за кражба на кабли од кругот на „Железара“, нанесена штета на јавните инсталации од повеќе стотици илјади евра
-

Почнува гласањето во вториот круг од локалните избори, се изјаснуваат болните и затворениците од 32 општини и Градот Скопје
-

Почнува аплицирањето за студентски стипендии за 2025/2026, првпат се доделуваат и 15 за студии по македонски јазик
-

Во Нови Сад голем коморативен собир по повод годишнината од падот на бетонската настрешница на железничката станица
