Пакистанскиот премиер со поддршка за Кашмирците
Пакистанскиот премиер Имран Кан денеска им порача на жителите на индискиот дел од Кашмир дека ги поддржува во нивната борба за самоопределување.
Тој во изјавата по повод независноста на Пакистан ја осуди одлуката на индиската Влада, донесена на 5 август, да ја анулира уставната автономија на Кашмир.
Кан празникот го одбележа во пакистанскиот дел на Кашмир, при што изрази солидарност со Кашмирците на индиската страна.
Индиските власти воведоа полициски час во Кашмир со цел да спречат насилна реакција на одлуката на Њу Делхи. Демонстрациите и судирите секојдневно се случуваат, иако полицискиот час и блокираните канали за комуникација во значителна мера ги ограничуваат можностите на демонстрантите.
Се очекува полицискиот час во Кашмир да биде во сила до утре, кога Индија го одбележува Денот на независноста.
Исламабад побара итен состанок на Советот за безбедност на Обединети нации, тврдејќи дека одлуката на индиската Влада го нарушува меѓунаордниот мир и би можело да доведе до етничко чистење и геноцид.
Кашмир е регион за кого Индија и Пакистан со децении имаат спор. Во Кашмир поголемиот број жители се муслимани. Индија го обвинува Пакистан дека финансиски ги поддржува милитантите. Исламабад тврди дека на кашмирските муслимани му пружа само морална и дипломатска поддршка во нивната борба за самоопределување.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Виктор Јакимов, претседател на Сојуз на средношколци
-
ФФМ со рекордна донација за младите
-
Почна новата учебна година - 245 илјади ученици седнаа во училишните клупи
-
АНБ скандал: Обвинителството без конкретни детали
-
Филипче ќе ги нацрта „црвените линии“ до крајот на неделава
-
Поранешниот директор на Геријатрија не се чувствува виновен за примањето 20.000 евра поткуп
-
Се уште е во финална фаза формирањето на странска комисија која ќе ги проверува наводите на д-р Кедев
-
ДЗС: Бројот на работници во индустријата намален за 4%