Пакистан и Индија во ОН меѓусебно се обвинија за екстремизам
Пакистанскиот премиер Имран Кан ја обвини Индија во ОН дека ги „тероризира“ муслиманите, што предизвика реакција од индиската делегација.
Говорејќи на годишната сесија на Генералното собрание на ОН во петокот, Кан го обвини индискиот премиер Нарендра Моди дека сака „да ја исчисти Индија од муслимани“.
– Најлошата и најраспространетата форма на исламофобија сега владее во Индија, и таа влијае на околу 200 милиони муслимани кои живеат во земјата, рече Кан.
Првата секретарка во индиската мисија во ОН, Снеха Дубеј, реагираше веднаш, обвинувајќи го Пакистан дека му обезбедил засолниште на водачот на Ал Каеда, Осама бин Ладен, кој беше убиен во 2011 година од американски специјални сили.
– Тоа е земја (Пакистан) на пиромани која се претставува како пожарникар, рече таа, додавајќи дека Пакистан „ги храни терористите и се надева дека ќе ги загрози своите соседи“.
Ново на Сител
-
Управниот суд одби 3 жалби на Европскиот фронт - вечерва одлучува по уште 4 жалби
-
Во Скопје почна одбележување 50 години од формирањето Француски институт во Македонија
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Управен суд одби една од тужбите на Европски фронт, за другите одлучува
-
Зафировски: Зборувањето е лесно, треба да се сработи, за да оди државата напред
-
Тинекс одбележа 30 години постоење
-
Управен пред одлука
-
ДИК се пожали на притисоци, членовите стравуваат за сигурноста