Свет
16. November 2016 - 12:54

Пакистан ги протерува наставниците поврзани со Ѓулен

Пакистан нареди депортација на повеќе од 450 лица, меѓу кои 130 наставници поради наводна поврзаност со имамот Фетулах Ѓулен, поради најавената посета на турскиот претседател Реџе Таип Ердоган.

На наставниците и членовите на нивните семејства им е даден рок од 72 часа да ја напуштат земјата 

Анкара го обвинува Ѓулен дека го организирал обидот за воен пуч во Турција кон средината на јули. Ѓулен ги демантира овие тврдења.