Пакети со храна за ранливи категории граѓани во Куманово
Општинската организација на Црвениот крст Куманово, денеска започна со поделба на дваесетина пакети со храна за ранливите категории граѓани од општината.
Активноста се спроведува со средства собрани од граѓани и бизнис заедницата за време на одбележување на „Неделата на борба против глад“ реализирана кон средината на октомври од волонтерите на кумановскиот Црвен крст. Средствата се собираа преку продажба на бонови по симболична сума помеѓу граѓаните и компаниите.
Секретарот на општинската организација Иле Митковски рече дека пакетите со храна се дистрибуираат до екстремно ранливите категории граѓани, семејства со болни деца, семејства каде има изнемоштени и болни повозрасни членови, како и на лица со пречки во развојот.
Меѓународниот ден на борба против гладта се одржа под мотото "Помислете и на нас! ". Целта на кампањата е да се подигне свеста за проблемот со глад и да се поттикнат граѓаните да станат солидарни и да донираат за ранливите категории.
Ново на Сител
-
ВО ЖИВО: Како да се заштити Скопје од криминалните банди?
-
Тема на денот со Панче Тошковски, Министер за внатрешни работи
-
Компаниите и владата мора заедно да работат за дигитална трансформација
-
Четири јавни дебати за реформи на Судскиот совет
-
Нов обид за убиство на Раде Штекли – бомба одекна во Ќерамидница
-
Убиство од небрежност
-
Почна собраниската дебата за буџетот за 2025
-
Директорите незаконски си ги зголемиле платите додека Пошта тоне во длабока финаниска криза