-->
-->
Пакети помош од Куманово дистрибуирани во загрозените скопски подрачја
-->
Вкупно 1.000 пакети вода, 150 пакети храна и приближно толку пакувања хигиенски продукти кумановска помош е однесена денеска до скопските општини зафатени со невремето.
Помошта ја дистрибуираа кумановскиот Црвен Крст и Иницијативниот одбор за собирање помош.
- Во дистрибуцијата се вклучи и кумановска компанија. Паралелено, на пунктовите во Куманово продолжува собирањето помош, а во донациите се вклучуваат и приватни фирми од повеќе сектори, изјави Бојан Петрушевски, секретар на општинската организација на Црвениот Крст.
Екипата „Кумановски акцијаши“ веќе два дена е во погодените скопски населени места и им пружа помош на семејствата настрадани во поплавите. Утрово замина во скопската населба Синѓелиќ заедно со претсавници на Иницијативниот одбор за собирање помош.
- Поплавените домови и уништената покуќнина се расчистуваат, големото количество кал од надојдените води се отстранува од објектите и дворовите, се изнесуваат електричните апарати, мебелот,... Акцијата продолжува и во наредните денови. Освен од Куманово, на терен се и акцијаши од Скопје и Охрид, а во текот на денот се очекува да пристигнат и акцијаши од Краљево и Бела Црква, Србија, изјави координаторот на здружението Синиша Јовановски.
Во расчистувањето ќе помогнат и 15 доброволци од градот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мадбули: Египет внимателно ја следи ситуацијата во регионот по израелската воена операција во Иран
-
Реакции на земјите ширум светот на израелскиот напад врз Иран
-
Возејќи мопед под дејство на алкохол удрил во малолетничка, приведен возач во Радовиш
-
Израел соборува ирански дронови над Саудиска Арабија
-
Апел на МНР: Избегнувајте патувања во Израел и Иран
-
АПЕЛ ЗА ПОМОШ: Се трага по Владимир од Штип
-
Повеќе од 200 борбени авиони учествуваа во нападите врз Иран
-
Откажани летови низ Блискиот Исток