-->
-->
Пајат: САД се заинтересирани да успеат дипломатските активности меѓу Скопје и Атина
-->
Ние сме мошне заинтересирани да успее дипломатијата што во овој момент е во тек, вели американскиот амбасадор во Грција во однос на разговорите за името меѓу Македонија и Грција.Говорејќи на панел дискусија во рамките на Економскиот форум во Делфи, Грција, Џефри Пајат, рече дека најдобриот начин да помогне е да не шпекулира премногу околу процесот и перспективите, јави дописникот на МИА од Атина.
- Она што би го кажал е дека е многу јасно за САД дека и двете страни, грчката влада и владата во Скопје ова го гледаат како момент за можност во смисла на тоа, ова прашање да го остават зад себе, рече американскиот амбасадор.
Џефри Пајат, одговарајќи на прашање на панелот објасни дека САД се загрижени за реалното руско влијание на Западен Балкан, а руското влијание е дополнителен поттик за Америка да работи и да инвестира за задржување на европскиот и евро-атлантскиот напредок на земјите од регионот. с
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Метеоролозите предвидуваат „невиден“ Ел Нињо, 2027 ќе биде најтоплата година досега
-

„Секоја капка за Преспа“ со Андреа Соколовски | Неформално | Sitel Podcast 147
-

Иран предупреди дека ќе одговори „силно и разорно“ на новите закани од САД
-

Илјадници неисправни кондоми продадени низ Европа, апел до корисниците да се тестираат за сексуално преносливи болести
-

Нетанјаху го нарече Ердоган „антисемитски диктатор“
-

Сиљановска-Давкова: Верувајте во себе, докажете ја својата спортска посветеност, искористете ја младешката енергија и натпреварувајте се витешки
-

ЦУК: До 18:00 часот 14 пожари на отворен простор, од кои 8 се активни
-

Аргентинците добија високи казни за инцидентот по финалето на Мундијалот
