„Пајакот“ кренал 92 возила вчера во Скопје
Седум лица се здобиле со полесни телесни повреди во вкупно девет сообраќајни несреќи во изминатото деноноќие во Скопје. Пет од нив, се со причинета материјална штета.
Со помош на специјалното возило „пајак“ отстранети се 92 возила.
Сообраќајната полиција открила и санкционирала осум возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, тројца поминале на црвено светло на семафор, четворица не ги почитувале правилата за престигнување, 20 биле без возачка дозвола, односно со нерегистрирано возило, а осум возеле без сигурносен појас или пак зборувале на мобилен телефон. Затекнати се и 52 непрописно паркирани возила.
Во рамки на проектот „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ денеска Одделението за превенција при СВР Скопје ќе реализира едукативни работилници со учениците од четврто одделение во ООУ „Ј.Х. Песталоци“ во општина Бутел.
Ново на Сител
-
Бразилски политичар удрил друг со стол за време на дебата
-
Влада: Исплаќаме 1 милијарда денари за заостанати субвенции од претходната влада
-
Напаѓачот на Трамп се криел во грмушките 12 часа пред да биде фатен
-
Мета ги забрани руските државни медиуми на своите платформи
-
Уапсен Пи Диди во Њујорк - Обвинет за трговија со луѓе
-
Ограбена спортска обложувалница во Влае
-
Дел од Аеродром и Центар денеска без вода
-
Во Собранието ќе се одбележи Меѓународниот ден на демократијата - 15 Септември