Пахор: Словенија е наклонета кон БиХ
Членовите на Претседателството на БиХ Жељко Комшиќ, Шафик Џаферовиќ и Милорад Додик се сретнаа денеска во Љубљана со словенечкиот претседател Борут Пахор кој истакна дека станува збор за две пријателски земји и дека Словенија е наклонета кон БиХ.
Зборувајќи за евроатлантските интеграции, Пахор рече дека БиХ е клучна земја.
– Ако Европа, поради своите внатрешни проблеми, доцни со проширувањето, тогаш и таа територија ќе задоцни – не само во зачувувањето на мирот, туку и во напредокот – што е желба и на ЕУ и на државите во регионот. Во таа смисла БиХ е клучна, оцени Пахор.
Тој истакна дека во таа смисла европската политика погреши во однос на Северна Македонија и не се држеше до ветувањето што го даде на таа држава.
– Направија огромни промени, исполнија сè, ги исполнија очекувањата и не добија зелено светло за преговори, истакна словенечкиот претседател.
– БиХ е трета дестинација за инвестиции на словенечките фирми во странство, а во таа земја имаме над 100 претпријатија. Ние Словенците имаме доверба во иднината на БиХ. Таму живеат три народи, наша блиска држава и пријателска, и би сакале тие односи уште повеќе да се подобрат. Речиси илјада ученици и студенти од БиХ добиваат стипендии во Словенија. Ме радува што сте дошле сите тројца, бидејќи е можност за продолжување на интензивните политички, економски и човечки односи. Ќе сториме сè во наша моќ за да го зачуваме мирот на овие простори, потенцираше Пахор.
Ново на Сител
-
Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права на првомајските демонстрации
-
Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година
-
Максим дебитираше во ВАКО-ПРО со победа
-
Извонредна организација на АФН-9 ВАКО-ПРО кик бокс настанот во Скопје
-
ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права
-
Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом
-
Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата