Македонија
17. April 2025 - 20:35

Паднато дрво оштети три автомобили и скина кабли од бандерите кај „Млечен ресторан“

Во Центарот за управување со кризи (ЦУК) преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 е добиена пријава за паднато дрво на улицата „Анкарска“ во Скопје кај  популарно именуваниот реон „Млечен ресторан“. Паднатото дрво има оштетено три автомобили, а при паѓањето има скинато и кабли од бандера, информираат од ЦУК. 

Нагласуваат дека полиција е на местото на настанот кој е пријавен и во ЈП ,,Паркови и зеленило" за да го отстранат паднатото дрво од улицата. 

-Преку Секторот за операции и координација (СОК), паралелно со известувањето на Полицијата, се известени и координирани надлежните институции за санација на скинатите и откачени кабли, се посочува во информацијата од ЦУК.