-->
-->
Падна владата на Кирил Петков
-->
Падна владата на бугарскиот премиер Кирил Петков, откако пред малку во бугарскиот парламент ѝ беше изгласана недоверба, објави БГНЕС.
„За“ паѓање на владата на Петков гласаа 123 пратеника, а „против“ беа 116.
По изгласувањето на недовербата, Петков во своето обраќање изјави дека му е чест што бил срушен од четворката Борисов, Пеевски, Трифонов и руската амбасадорка во Бугарија, Елеонора Митрофанова.
99. влада на Бугарија предводена од Кирил Петков беше избрана на 13 декември 2021 година од 47. Народно собрание. Пред формирањето, земјата трипати излегуваше на избори – рекорд во поновата историја на Бугарија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Предлог-Законот на СДСМ за помош на настраданите во Кочани не доби поддршка
-
Мицкоски следната недела ќе ги пополнува местата на Алијанса
-
Кошта утре на средби со македонските власти - Експертите не очекуваат позитивни сигнали од Брисел
-
Јавно ќе се разрешува претседател на Судски совет: Министерството за правда со нов закон
-
Во понеделник ќе биде познат новиот гувернер на Народната Банка
-
Инвестиции во железничката инфраструктура
-
Преглед на вестите од светот
-
Следната недела ќе бидат познати кадровските решенија по заминување на АА од Владата