-->
-->
Падна договор – Еве што се се договорија политичките партии?
-->

Министерствата за внатрешни работи и труд и социјала по изборите ги добива ДУИ откако техничките министри на СДСМ со денот на гласањето ќе ги напуштат функциите. Ваков договор паднал на денешните преговори со што е заокружен преговарачкиот процес меѓу четирите најголеми политички партии. Во делот на медиумите, договорено е СДСМ да именува главен и одговорен уредник на МРТВ, а посебно тело во рамките на Агенцијата за медиуми да предлага казни за медиумите за начинот на известување. Законот за МВР кој беше точка на сопнување меѓу политичките партии ќе се одложи до стартот на наредната година. СДСМ во МВР ќе има право да смени 15 лица на раководни позиции и да направи 10% од бројот на хоризонтални поместувања кои актуелната власт ги направила од 2014та година до денеска. Во однос на избирачкиот список 170.000 граѓани ќе бидат обележани со ѕвездичка, додека 40.000 граѓани дополнително ќе се проверуваат. Партиите се договориле до крајот на август да направат проценка дали се исполнети условите за организација на избори по што, доколку се исполнат лидерите ќе се договорат околу датумот за избори. Со тоа се спречи СДСМ да влезе во Владата а при тоа да не се појави на соочувањето со граѓаните. Сега, за СДСМ да може да добие влез на Илинденска ќе мора Заев јавно да каже дека се исполнети сите услови за избори. Доколку во август пеоценката биде дека се исполнети условите за избори, тогаш единствениот можен датум за соочување со граѓаните оваа година е 11 декември.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ОЈО: Откриено поголемо количество амфетамин во Скопје, отворена постапка против шест лица
-
Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита
-
Полициски службеник од Гостивар фингирајќи кражба одзел предмети претходно запленети при претрес
-
Амандманската комисиска расправа за ребалансот на буџетот почнува в понеделник
-
Во мај за работите на коридорите 8 и 10д исплатени 681.026.665 денари
-
Поднесено обвинение против поранешниот директорот на Геријатрија и неговиот човек од доверба за примање поткуп
-
Погребот на Жота и Силва во сабота во Гондомар
-
Повредени 47 лица во судир на два градски автобуси во јужно предградие на Атина