Пад од 38,8 отсто на заболените од грип во државава
Во текот на 12. недела од 2025 година - од 17 до 23 март, во државава се пријавени 839 случаи на групни пријави за заболени од грип - заболувања слични на грипот. Тоа претставува за 38,8 проценти помалку во споредба со претходната недела. Бројот на пријавени лица оваа недела споредено со 12. недела од минатата сезона е зголемен за 3,2 пати, а во споредба со бројот за 12. недела од типичната епидемиска крива, моделирана од последните 14 сезони, зголемен е за 52,4 отсто, информираат попладнево од Институтот за јавно здравје.
Заболените биле пријавени од 20 ЦЈЗ/ПЕ, Скопје - 292, Тетово - 109, а во останатите, бројот на заболени бил еднаков или помал од сто.
Во досегашниот тек на сезоната на грипот, регистрирани биле пет починати лица асоцирани со грип. Според податоците, тројца од починатите се од Скопје, по еден случај од Свети Николе и Радовиш. Тие припаѓаат на возрасните групи над 65 години - четири случаи и еден од 15 до 64 години. Сите случаи биле починати во болнички услови, со коморбидитети и невакцинирани против грип.
Заклучно со 12. недела, во државава вакцинирани биле вкупно 72.294 лица со бесплатна или комерцијална вакцина против грип.
Ново на Сител
-
Нормализиран водостојот на Маркова Река, штети во Батинци, Горно и Долно Лисиче
-
Уапсени три лица за убиство на 84 годишен старец во Кривопаланечко
-
„Магна“ ја отвори втората фабрика во Штип, инвестиција од 40 милиони евра и 600 работни места
-
Преглед на вестите од светот
-
Маркова Река поплави делови од Студеничани, Кисела Вода и Аеродром
-
Филипче бара лидерска за носење на надпартиска стратегија
-
Судот го отстрани Палчо од судница, Кешишев не сака да сведочи пред него
-
Советот на јавни обвинители даде негативно мислење за разрешувањето на Љупчо Коцевски