Пад на температурите - Ни претстои ладна и дождлива недела

Времето утре во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд кои повеќе ќе бидат застапени во северозападните и северните делови на земјава. Преку денот ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, а по одделни котлини ќе има услови за ниска облачност и појава на магла.
Утринската температура ќе се движи од четири до 11, а дневната од 12 до 18 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и со утринска слаба магла. Преку денот ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до пет, а дневната ќе искачи до 13 степени.
Во текот на работната недела нашето подрачје ќе биде под влијание на серија влажни бранови од Медитеранот кои ќе условат променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини повремен снег. Облачно и свежо со поинтензивни врнежи од дожд се очекува во среда и петок, особено во западните и јужните делови. Дневната температура секојдневно ќе опаѓа за 2 до 3 степени
Ново на Сител
-

Дали изјавата на Филипче за заедничка одговорност за уставните измени значи покана за широка влада?
-

Тема на денот со Андон Чибишев, доктор
-

„Костал“ за 10 години стана петта извозна компанија во Македонија
-

Сиљановска збунета од објаснувањата за „шпиунската“ афера
-

Извештај на ФЗО: Вработени во општи болници имаат високи примања, а лекуваат малку пациенти
-

Мерц со иновативни предлози за проширувањето
-

Филипче: Иницијативата на Мерц е уште еден доказ дека постои желба за проширување на ЕУ
-

Мицкоски: Наскоро успесите на владата ќе ги гледаат само на телевизија
