Пацоли: Србија може да стане фактор на мирот во регионот
Косовскиот министер за надворешни работи Беџет Пацоли изјави дека на Балканот му е потребна стабилност и оти Србија може да игра конструктивна улога во тоа и да стане фактор за мир, но и дека мора да се „соочи со реалноста“.
На прашањето што е негово решение за Косово, а двете страни да бидат задоволни, со оглед на тоа што за Србија Косово е дел од нејзината територија, а за Албанците држава, Пацоли во интервју за „Блиц“ вели дека тоа е „взаемно почитување, меѓусебна соработка и прифаќање на реалноста дека постојат две држави кои треба да градат иднина за своите граѓани“.
Пацоли ја повтори својата оценка од пред 10 години дека Србија отсекогаш била фактор во регионот, но додаде дека „за жал, била фактор на уништување и крвопролевање во 20-от век".
На забелешката дека тоа е премногу груба констатација и да ги наведе причините за таквиот став, Пацоли изјави дека Србија може да игра конструктивна улога и да стане фактор на стабилноста и мирот во регионот и оти мора да ја одигра својата улога.
Според него, Србите се добри луѓе, но оние кои извршиле злосторства за време на војната мора да одговораат пред суд.
„Блиц“ информира дека барањето за интервју со Пацоли му било испратено на англиски јазик, додека тој ги вратил одговорите на српски и на кирилица.
Ново на Сител
-
Пожар во Кисела Вода – повредени 4 лица
-
Меџити: Имаме поважни работи од промена на грбот и химната
-
По најавите на Трамп за зголемување на царините, македонските компании будно ја следат состојбата
-
Одложен тендерот за центарот за управување со отпад кај с. Мечкуевци
-
Преглед на вестите од светот
-
Може ли Скопје преку Вашингтон да најде пократок пат до Брисел
-
Службен весник ги објави одлуките за замрзнатите цени и маржи
-
Уставен суд поведе иницијатива по предлог на обвинителката Ленче Ристовска