Пацоли очекува Томор Морина наскоро да се врати во Косово
Министерот за надворешни работи на Косово Беџет Пацоли очекува поранешниот припадник на Ослободителната војска на Косово, кој на 24 јули, врз основа на потерница на Интерпол беше уапсен од македонската полиција на граничниот премин Блаце, наскоро да биде пуштен од притвор и да се врати во Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.
Пацоли преку објава на својата страница на Фејсбук ирази задоволство поради вчерашната одлука на надлежниот суд во Северна Македонија да го одбие барањето на Србија за екстрадикција на Морина.
– Среќен сум што Томор Морина ја доби првата битка на судството во Северна Македонија за одбивање на српската одлука за екстрадикција. Ние веруваме силно во професионалната работа на властите во Северна Македонија и во пријателските врски меѓу нашите две земји. Многу бргу тој ќе се врати дома, кај своето семејство и пријателите и ги повикувам сите да бидат трпеливи, напиша Пацоли.
Кривичниот совет при Основниот кривичен суд – Скопје вчера донесе решение дека не се исполнети условите за екстрадиција на поранешниот припадник на ОВК во Србија. Воедно, на Морина му е продолжен притворот до правосилноста на ова решение, односно до одлучување по предметот од страна на на Врховниот суд на РСМ.
Ново на Сител
-
Репортажа за Македонската Дијаспора во Пиемонте - Италија
-
Партиите не прекинуваат со обвинувања - кој е виновен за кризата и голготата на онколошките пациенти
-
Камбовски: Собранието не може да разреши член на Судски совет
-
Поради маглата откажани летови на Скопскиот аеродром
-
И КСОМ ќе бара минималецот да порасне повеќе од законски предвидените 1.800 денари
-
Синдикално заробеништво
-
СДСМ против најавите на Касами за менување на имињата на улиците и бришење на НОБ
-
Сточна храна по повисока цена - Чија е вината?