Пацоли бара укинување на таксата од 100 отсто за увозот од Србија

Косовскиот вицепремиер и министер за надворешни работи Беџет Пацоли смета дека Владата, на чие чело е Рамуш Харадинај, не смее да го одбие барањето на Соединетите Американски Држави и треба да ја укине таксата од 100 отсто на увозот на производи од Србија и Босна и Херцеговина, јави дописникот на МИА од Приштина.
Во интервју за косовската јавна радио-телевизија, РТК, Пацоли рече дека ќе разговара за Харадинај за можноста да се одговори позитивно на барањето од Вашингтон. Неговиот шеф, претседателот на Владата, од друга страна, денеска повторно порача дека, и покрај барањето од САД, таксата нема да се укине се додека Србија не го признае Косово.
Говорејќи за косовската надворешна политика, Пацоли во интервјуто за РТК изрази жалење што неговата работа е отежната поради, како што рече, „недостатокот на единство кај косовскиот државен врв“.
Шефот на косовската дипломатија рече дека е точно оти „различните ставови на претседателот (Хашим Тачи) и премиерот (Харадинај) во врска со дијалогот со Србија создаваат извесни нејаснотии“.
Според Пацоли, во дијалогот со Белград, Приштина би тербала да направи „одредени компромиси“, кои, како што рече, може да се „потребни во рамките на демаркацијата со Србија“.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Александар Кржаловски, директор на МЦМС
-

75 годишна жена почина - Возачот побегнал откако ја прегазил во центарот во Скопје
-

Филипче не се откажува од техничка Влада, Мицкоски пак, не се откажува од лидерска средба
-

Обвинителката Ленче Ристоска бара извинување од премиерот Мицкоски, од Влада велат дека се зачудени
-

Во недела ќе се бира градоначалник во четири општини
-

На располагање сите човечки и материјални ресурси
-

Зголемен број на пациенти со грип на инфективна после нова година - Едно лице е во критична состојба
-

Лажен лекар успеал со измама да „заработи“ близу 20 000 евра
