Македонија
25. February 2020 - 0:58

Пациентот на инфективна нема коронавирус - тестот е негативен

Тестот направен во лабораторијата на ИЈЗ покажал дека пациентот кој ноќта сам се јавил на Инфективна клиника  нема корона вирус, потврдија од Министерството за Здравство. Имал дијареа, но бидејќи се вратил од Милано сам побарал лекарска помош на клиника.

Додека се чекале резултатите од тестот, пациентот бил ставен во изолација.

 

Сања Димитровска