ОВП на Себастијан Курц убедлив победник на изборите во Австрија
Народната партија на Австрија (ОВП) на Себастијан Курц е убедлив победник на вчерашните предвремени парламентарни избори, и според официјални прелиминарни резултати, освои 38,35 отсто од гласовите, соопшти австрискиот министер за внатрешни работи Волфганг Пешорн.
Официјалните прелиминарни резултати од изборите ги содржат сите гласови дадени на избирачките места, но не и оние кои се испратени по пошта, кои допрва треба да бидат изброени.
За гласање по пошта биле побарани 1,04 милион гласачки ливчиња.
Социјалдемократската партија (СПО) освои 21,54 отсто од гласовите, Слободарската партија на Австрија (ФПО) 17,25 проценти (8,72 отсто помалку од изборите пред две години), Зелените се вратија во Парламентот со 12,35 проценти од гласовите, пратенички места доби и Неос кој освои 7,36 отсто од гласовите.
Пешорн соопшти дека излезноста била околу 60 проценти и најави дека конечните резултати ќе бидат соопштени во четврток попладне.
Ново на Сител
-
Во Солун разбиена криминална радикално десничарска организација
-
Променливо облачно со сончеви периоди, најмногу дожд на Попова Шапка
-
Капитенот на ПСЖ: Знам колку боли пораз во финалето на ЛШ
-
ПСЖ со двојна победа над Арсенал обезбеди финале во Лигата на шампиони
-
Зеленски: Украинскиот предлог за 30-дневен прекин на огнот сè уште важи, нема реакција од Москва
-
Почнува Саемот на книга
-
Еден ученик убиен, двајца ранети во напад со нож пред средно училиште во Калифорнија
-
Измените на Законот за Инспекторат за употреба на јазиците на седница на Комисијата за политички систем