Овошјето, виното и чоколадото може да помогнат за понизок крвен притисок
Еден од клучните фактори за кардиоваскуларни болести е лошата доета. Од исклучително значење се истражувањата за врската меѓу исхраната и крвниот притисок.
Во еден таков научен труд на Универзитетот во Ридинг, Англија, стручните лица откриле врска меѓу поголемиот внос на флавонол и понискиот крвен притисок кај испитаниците. Во истражувањето објавено во „Сајентифик рипортс“ учествувувале повеќе од 25.000 луѓе. Резултатите посочуваат дека целокупното зголемување на нивото на флавонол може да помогне во намалување на крвниот притисок.
Флавонолите се природни соединенија кои се наоѓаат главно во овошјето и зеленчукот. Тие се една причина зошто храната – од црвеното вино до чоколадата – е поврзана со здравствени придобивки, но исто така се наоѓаат и во јаболката, бобинките…
За време на ова истражување, исто така, е откриено дека клучната разлика меѓу учесниците со најголем наспроти најмал внос, е разликата меѓу два и четири милиметри жива (mmHg).
– Претходните истражувања врз поголеми групи, секогаш се потпирале на податоците што испитаниците ги кажале за себе, за да се извлечат заклучоци. Но, ова е прв труд што објективно ја истражува врската помеѓу одредено биоактивно соединение и здравјето, објасни проф. Гантер Канл, нутриционист, кој раководеше со испитувањата.
Добрата вест, според него, е тоа дека има многу други причини да се прибегне кон храна богата со флавонол, покрај тоа што помага во спречувањето висок крвен притисок.
– Бобинките се одлични за здравјето на цревата, јаболката се добар извор на влакна, а одредени чаеви може да помогнат при надуеност, главоболка… Поврзаноста којашто ја забележавме може да се припише на внесувањето на флавонол, тврди Канл.
Ново на Сител
-
Виландер: Синер е шампион, а Алкараз е суперѕвезда
-
Пет лица повредени во сообраќајка кај патот Маврово-Гостивар во која учествувале осум возила
-
Приведен 46-годишник, со огнено оружје се заканувал на пријавителот
-
35-годишна жена од Богданци физички нападната од нејзиниот сопруг во угостителски објект
-
Уапсен игумен во Грција додека се обидувал да продаде византиски реликвии за 200.000 евра
-
Алкараз и Синер ги сменија местата на врвот на АТП ранг-листата
-
Активни шест пожари на отворено во државава
-
Со 2,62 промили алкохол во крвта, жител на Дреново возел на регионалниот пат Кавадарци - Возарци и излетал од патот