-->
-->
Овој пејач крие нешто за убиството на Јелена
-->

Пејачот од српската естрада, Мартин Ајдаревиќ, кој и е кум на Јелена Крсмановиќ Марјановиќ, крие нешто за убиството кое не се расчисти ни по еден месец. Тој вчера во полиција сведочел за покојната пејачка и бруталното убиство кое цела Србија ја зави во црно.
Ајдаревиќ во полициска станица одговарал на прашања поврзани со Јелена, нејзиниот сопруг Зоран, семејството и кобниот ден на убиството.
Инспекторите 39 дена по грозоморното убиство испитуваат нови сведоци кои би можеле да дадат клучни информации за Јелена.
Полицијата планирала да го сослуша кумот на пејачката на Гранд уште на 6 мај, но распитот бил одложен поради неговата куќна слава-Ѓурѓовден.
- Тој одговараше на прашања за Јелена и семејството, бидејчи бил во постојан контакт со нив па дури и на 2 април кога се случи убиството. Тој активно учествувал во потрагата за пејачката, вели извор од полицијата.
Семејството Марјановиќ го крстило Мартин и било во постојан контакт со него, а особено Јелена поради работните обврски.
Инаку, вчера обдукцијата конечно покажа со што била убиена Јелена. Се работи за поголем камен со кој била удирана по главата.

-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Трамп со критики за Зеленски по изјавата за Крим: Завршете ја работата, ќе ја изгубите цела земја
-
Вучиќ: Студентите ќе продолжат со насилства, државата ќе одлучи кога насилствата ќе завршат
-
40-годишна жена пријавила дека била физички нападната од нејзиниот сопруг
-
Официјален Париз: Мировен договор мора да го гарантира територијалниот интегритет на Украина
-
Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува на 28 април
-
Вардар и Струга финалисти во фудбалскиот Куп на Македонија
-
Во Харков 10.000 ученици следат настава во училишта под земја
-
ФФМ: Службена победа за Вардар на дуелот со Воска