Овој е најсреќен месец: Кој се радува во април, ќе се радува цела година

Луѓето веруваат дека месеците од годината не се исти. Постојат среќни и несреќни, “добри” и “лоши”, онакви кога треба да избегнуваш одредени работи, и онакви кога треба да работите и да се трудите. Така, и на луѓето во зависност во кој месец се родени, започнале да им се препишуваат посени особини. Еве што, според народни верувања, април носи.
Долго време пред хороскопот и астрологијата да станат популарни , народот имал верувања и значења поврзани со секој месец од годината. Еве што предвидува националниот календар за април.
Луѓето секогаш гледаат што се случува во природата. Природата се буди, па тоа е убаво за секого. Според древните верувања со будењето на природата сите стари грижи заминувале, и дека април е месец за смеење и добро расположение.
Кој се радува во овој месец, ќе се радува целата година. Април е добар месец за свадба. Народната мудрост вели: Омажи се во април ако можеш, задоволство за неа, задоволство за него. Само среќни настани се поврзани со април. Постои само еден лош знак. Доколку Април е сув. Постои една изрека: ” Ако април е влажен, тогаш е и добар”.
Децата родени во април се ведри, верни и добронамерни. Родените во овај месец се омилени во друштвото затоа што сакаат забава,а чувањето тајни им е специјалност. Сепак тие можат да бидат и тврдоглави, па тешко примаат совети дури и ако се добронамерни. Здравствено, треба да се чуваат од цревни болести и главоболки.
Ново на Сител
-

Трамп: Европа не е тоа што беше порано, да не бевме ние во Данска ќе се зборуваше германски и јапонски
-

Стојаноски: Со новиот Кривичен законик секој во државава ќе мора да ги почитува законите, а правдата ќе важи за сите
-

Сите државни патишта проодни и безбедни за сообраќај, поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење
-

Трамп со јасна порака во Давос: САД нема да употребат сила за да го преземат Гренланд
-

Тошковски: Во тест периодот на „Безбеден град“ девет жртви помалку од истиот период лани
-

Управниот одбор на АД ЕСМ именува времени координатори во РЕК Битола и РЕК Осломеј
-

Николоски: Апелирам до ЕУ, македонските превозници да бидат ослободени од новите правила за влез во Шенген зоната за да не трпиме економски штети
-

Собранието донесе неколку закони во рамките на 81. пленарна седница
