Македонија
12. January 2017 - 14:20

Овој дел на Скопје денеска без парно

Без парно од 13:20 часот се граѓаните кои живеат на потегот од Топлана Исток до Порта Влае.

Регионалниот центар за управување со кризи, повикувајќи се на информација од „Балкан Енерџи Груп“, информира дека причината е голем губиток на вода во мрежата и оти во моментот се трага по местото на дефектот.