Живот
23. January 2017 - 21:10

Овие близначки потрошиле 250.000 долари за пластични операции - сега се каат, кога ќе видите, ќе сфатите

Близначките Ана и Луси ДеКинк дале цело богатство да го променат својот изглед, а повторно да изгледаат идентично една на друга.

Ана и Луси ги зголемиле градите, нанеле трајна шминка, веѓите им се тетоважа, поминале низ бројни ласерски третмани и трансформации –  и сега не им се допаѓа како изгледаат.

Имаат и здравствени проблеми поради пластичните операции, но велат дека ќе поминат низ уште една – за да го вратат во одредена мерка природниот изглед.

Сега ги охрабруваат сите млади девојки пред да се решат за пластична операција, да зборуваат со родителите или со лекарите.

1bliznacki

Ана и Луси делат заедничко момче, Бен, и убедени се дека ќе се омажат со него. Во животот близначките не поминале повеќе од еден час разделени, а со Бен се веќе 5 години!

Бен пак се жали дека толку се опседнати со изгледот, што додека им трае вечерниот третман на кожата – тој би можел да прочита цел роман!

Ново на Сител