Македонија
6. August 2022 - 20:08

Пиштол пронајден во двор на тетовска гимназија

Во СВР Тетово на 05.08.2022 во 10.20 часот вработена во Гимназијата „7-ми Март“ во Тетово пријавила дека при чистење во кругот на училиштето бил пронајден пиштол „Eкол фират магнум“ калибар 9 мм со празна рамка во пиштолот.

- Увид извршила екипа од СВР Тетово, а пиштолот бил подигнат за понатамошна постапка, велат од МВР.

Од МВР информираат дека по целосно документирање и расчистување на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.