Оваа недела дијалог за постепено укинување на јагленот на Западен Балкан и премин кон одржливи извори на енергија
Иницијативата за регионите со јаглен во транзиција на Западен Балкан и Украина ќе одржи годишен состанок на 23 и 24 јуни за поддршка на отворен дијалог на повеќе засегнати страни за постепено исфрлање на јагленот и правичен премин кон одржливи извори на енергија во Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Северна Македонија, Србија и Украина.
Целта на Иницијативата е заедничко истражување на патиштата до фер транзиција во регионите со јаглен на Западен Балкан и Украина и да го постигне „Зелен договор“.
Иницијативата ги покани сите засегнати страни да се приклучат на дијалогот. Меѓу предвидените групи на засегнати страни има претставници на јавни органи, енергетски сектор, невладини организации, истражувачи, деловни субјекти, медиуми, меѓународни организации, политички партии и младински организации.
Иницијативата ја води Европската комисија во соработка со шест меѓународни партнери: Светска банка, Секретаријатот на енергетската заедница, Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Европската инвестициска банка (ЕИБ), Полскиот национален фонд за заштита на животната средина и управување со вода и Европскиот колеџ од градот Натолин.
Дизајнирана е да го поттикне дијалогот помеѓу регионот и засегнатите страни, преку размена на знаење, градење на капацитети и размена помеѓу регионите со јаглен на Западен Балкан и Украина и ЕУ.
Првичниот преглед на состојбата идентификуваше најмалку 17 региони во овие земји со значителни рударски активности и за производство на енергија од јаглен.
Настанот ќе се одржи онлајн.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Арџи Беллио, претседавач на бордот на ОМД
-
Мали шанси за заедничка резолуција во Брисел за македонскиот идентитет
-
Партиите го следат случајот ДКСК, ќе побараат ли разрешување?
-
Политичките партии и на овие избори ќе бркаат повеќе гласови со доктори за градоначалници
-
Неколку шумски пожари активни низ државата
-
Пожарот во општина Василево петти ден активен
-
Со новите измени во Kривичниот законик, семејното насилство ќе се гони по службена должност
-
Во охридската болница се користеле стари апарати