-->
-->
Оваа дупка над увото ја имаат само посебни луѓе - Доколку ја имате ќе се изненадите од каде е таа тука!
-->

Дали сте забележале нешто невообичаено над едното уво? Можеби ваква мала дупка? Доколку ја забележите, вие сте навистина посебни! Таа мала дупка открива нешто во врска со еволуцијата на човечкиот род.
Мал процент од населението е родено со „preauricular sinus“, мала дупка покрај надворешниот раб на увото, пишува „Business Insider“.

Обично се наоѓа меѓу лицето и рскавицата на увото. Технички тоа е вродено нарушување или дефект. Прв пат го документирал Ван Хусингер во 1864 година. Општо земено, овие дупки не преставуваат посебен проблем, но ако синусот се инфицира или се појави циста, неопходен е третман или негово целосно отстранување.

Кога станува збор за распостранетоста на овие необични дупки, нив ги има меѓу 0,1 и 0,9 проценти од населението во Европа и САД, околу 2,5 проценти од населението во Тајван, а во некои африкански племиња процентот достигнува околу 10.
„Preauricular sinus“ често се пренесува од генерација на генерација. Може да се појави на едно или на двете уши, но научниците откриле дека почесто се појавува на десната страна од главата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Изгласан Законот за средно полициско училиште
-

Граничниот премин Евзони затворен од 18 до 22 часот по локално време
-

Путин тврди дека Русија ќе ги постигне сите свои цели во Украина, особено територијалните
-

Нова просечна потрошувачка кошничка од 1 јануари 2026 година ќе пресметува Владата, најави Ристески
-

Ја грабнале, жената донела пиштол, мажот ја убил па ја запалиле, детали за убиството во гостиварско
-

Еден загинат во тешка сообраќајка на патот Кочани-Виница
-

Се запали оџак, велешките пожарникари навреме спречија да се запали куќата
-

Влада: Наводите на СДСМ се целосно неосновани, неточни и претставуваат груба клевета
