Балкан
26. July 2016 - 15:36

Ова се Анѓела и Ивана, девојчињата кои ги усмрти гром

15 годишните Анѓела Б. и Ивана И. загинаа од урад на гром во невремето што го зафати Александровац.

Според сознанијата на српски „Блиц“, двете девојчиња оделе по тротоар во Крушевац, кај салата за спортови, враќајќи се од базен, кога во 17.50 директно ги погодил гром.

aleksandrovac-grom-devojcice-foto-printscreen-fb-1469532995-956665tj56u65u56

Анѓела починала на лице место, додека Ивана во кома била префрлена во болницата во Крушевац. Лекарите на интерното одделение повеќе од еден и пол час се обидувале да ја реанимираат, но не успеале. Според неофицијалните сознанија, Ивана починала по 20.30.

Во тек е истрагата дали девојчињата користеле мобилен телефон во моментот на несреќата.