Ова не му е прво убиство на монструмот - Нема да верувате зошто е убиена медицинската сестра

Истражните органи не ја исклучуваат можност 40-годишниот Вукашин Вилотиќ да ја убил медицинската сестра во Здравствениот дом во Шабац промислено, за да дојде до специјалната затворска болница каде има сместување и храна.

Монструмот во 2004 година со автомобил на пешачки ја убил Катерина Андиќ, а нејзината другарка тешко ја повредил, по што избегал од местото на настанот. Бил осуден на три години затвор, но потоа бил ослободен. Постојано се жалел на нехуман однос во затворот. Откако излегол немал пари за живот. Затоа на 8 јануари како што неофицијално дознава српски Ало, отишол кај својот психијатар барајќи му да го стави во болница за да има сместување и храна. Лекарот му препорачал редовно да користи терапија, а тој не знаејќи што да прави завчера со нож ја уби медицинската сестра Љубинка Поповиќ во сестринската соба, по што ја чекаше полицијата.
Тој според зборовите на сведок, се молел по убиството да го однесат во болница. Велел дека на ништо не се сеќава.
Денеска несреќната жена беше испратена во вечниот дом.
Ново на Сител
-

Француските средношколци по средбата со Макрон повикаа на продолжување на протестите сè додека не се објават конкретни мерки
-

Николоски: Ја развиваме Брвеница со реализација на конкретни проекти
-

Трамп се закани со преземање на целата иранска нафта
-

11 ден протести во Тирана: Се бара безусловна оставка од Рама
-

Кошта: ЕУ ќе покрие две третини од дополнителните 70 милијарди евра за Украина
-

Постапка за измами на граѓани со т.н. „кубански вакцини“ - претреси на повеќе локации
-

Македонија утре на Јуниорскиот Евросонг: Од вечерва може да се гласа за Ана Стојаноска
-

Скопјанка измамена за сума од 117.000 денари од поранешен вработен во Катастар
