Живот
12. April 2019 - 12:14

Ова е жената за која зборува целиот свет: Еве како студентката во бело стана симбол на револуцијата

Фотографијата од една девојка во Судан стана симбол на борбата во таа земја, и многу брзо стана хит на социјалните мрежи.

Направена е на демонстрациите против претседателот Омал ал-Башар, а на неа се гледа жена во бел фустан, со прстот вперен кон небо како и толка луѓе кои со своите телефони се обидуваат да ја сликаат.

Фотографијата е објавена во вторникот на Твитер од страна на Лана Х. Харун, а се работи за девојката која се вика Алаа Салах (22) која е студентка и активистка
 
Таа на социјалните мрежи е наречена „Статува на слободата на Судан“.