-->
-->
Ова е жената која Роналдо ја бараше низ целиот свет - таа го хранела кога не можел да си дозволи да купи храна
-->

– Имав 12 години и бев без пари. Живеев со другите играчи кои ми беа врсници од цела Португалија. Навистина ми беше тешко без семејство. Се сеќавам дека имаше Мекдоналдс во кој добивавме остатоци од сендвичите кои не беа продадени. Во него работеше една жена, се викаше Една и уште две девојки. Се надевам дека луѓето ќе ми помогнат да ги пронајдам, сакам да ги повикам во Лисабон или во Торино на вечера и да им „вратам“ за се шти направија за мене. Никогаш нема да ги заборавам – рече Роналдо.
Ова интервју го пренесоа сите медиуми ширум светот, па по неколку дена се јави и жената која тогаш му помогнала на Португалецот. Станува збор за Паула Леки која се јавила и ја прифатила вечерата на Роналдо. Како што пренесуваат медиумите, Паула речиси скоро секоја вечер ги хранела гладните деца кои во Лисабон тренирале фудбал и живеелена работ од ексизстенцијата.
- Доаѓаа во ресторанот, а кога хамубргерите остануваа добивавме дозвола од менаџерите да им ги поделиме на децата. Еден од нив беше и Роналдо. Беше најплашлив од сите. Ова се повторуваше речиси секоја вечер, рекла Паула и продолжила:

- И понатаму се смеам кога размислувам за тоа. Веќе сум му раскажувала на својот син, но мисли и понатаму дека го лажам бидејќи не може да поверува дека неговата мајка некогаш му дала на Роналдо хамбургер. И нејзиниот сопруг тоа го знае, се сеќава кога доаѓал по сопругата , дека таму стоела многу деца, а меѓу нив и Роналдо.
Португалецот во интервјуто рече дека сака да се заблагодари на сите тие жени и да ги одведе на вечера во Торино или Лисабон.
- Интересно е што сега се зборува за нешто што се случило многу одамна. Тоа покажува колку е тој хуман. Барем луѓето знаат дека не измислува. Ако ме повика на вечера секако дека ќе одам. Прво што ќе направам - ќе му се заблагодарам, а во текот на вечерата, сигурна сум дека повторно ќе се сети на тие времиња, рекла Паула.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
До петок променливо облачно со локален дожд, викендот сончево и топло
-
Софија подготвена да потпише договор со Скопје за прекуграничен железнички тунел на Коридорот 8
-
По трагедијата во Кочани, ДКСК утврди низа пропусти во Законот за угостителска дејност
-
Пристап до мобилен интернет 1 732 063 претплатници, на мобилен месечно се зборува 174,67 минути
-
СДСМ: Истрагата за Кочани е селективна
-
Студентите во блокада официјално поднесоа барање до Собранието во врска со РТС: „Протестот ќе трае додека не го исполните“
-
Девојчето од Куманово по кое се трагаше вчера наместо во градски, влегло во автобус за Скопје
-
Ајнтрахт е подготвен да го пушти Екитике за 100 милиони евра