Џет-Сет
8. May 2018 - 8:25

Ова е вистинскиот сопруг на Нихан од „Карасевда“

Турската актерка Неслихан Атаѓул Доулу, моментално кај нас е актуелна со улогата на Нихан во серијата „Кара севда".

За разлика од љубовната драма која ја доживува во улогата на Нихан, на убавата актерка во реалниот живот и цветаат ружи на љубовен план.

Неслихан е во брак со турскиот актер Кадир Доулу, со кој претходно беше во врска од октомври 2013 година.

Двојката се сврши во ноември 2015 година, а свадба направија во месец јули 2016.

Ова е уште еден пример дека актерите во Турција преферираат брак со колеги.

Еве како изгледаше нивната венчавка: