Живот
2. May 2019 - 21:36

Ова е пеколен поморски пат: Бродовите не можеле да го заобиколат, а ги чинел животите на 8.000 морнари

Кога бев дете, мојот дедо Алфред Даунс често зборуваше за патувањето од 128 дена на кое тргнал во 1949-та година на комерцијалниот брод “Памир”.

Славниот германски брод на компанијата “Flying P-Liner”, пловел од Порт Елизабет во Аделаид, во Австралија, во градот Фалмут во Корнвал во Англија, исполнет со 60.000 вреќи австралиски житарки. Тоа било последното патување на овој брод низ олујните мориња на Дрејковиот премин, а тоа било и последен пат некој комерцијален брод некогаш да плови во Кејп Хорн во јужно Чиле.

Во спомен на 70-годишната од патувањето на својот дедо и претстојната 500-годишнина од откривањето на Магелановиот премин кој ги раздвојува најјужниот врв на Јужна Америка од чиленскиот архипелаг Огнена земја, новинар на BBC се качил на крузерот “Ventus Australis” во Пунта Аренас во Чиле.

Како што напишал, секогаш сакал да види некои од пејзажите за кои зборувал неговиот дедо, и иако било невозможно да ја повтори неговата четиримесечна одисеја, овој четиридневен излет му овозоможил да го почувствува духот на таквата авантура. Патот водел низ тесните фјордови и теснеци, а потоа на југот до најјужната точка на патувањето – опасниот Кејп Хорн, кој останал во неговото сеќавање до крајот на животот, пишува “BBC”.

Иако сите знаат за Кејп Хорн како за најопасното место за поморци на светот, малкумина од нив се осудиле да поминат од таму со помал брод или едрилица.

Инаку, едриличарите го споредуваат Кејп Хорн со освојување на Монт Еверест.

Најјужната точна во Јужна Америка го добила името Кејп случајно, и покрај тоа што не станува збор за ‘Рт, туку за мал остров. За Кејп Хорн се верувало дека е најјужната точка, се додека една поморска хаварија не докажала дека тоа не е точно. Тоа се дознало кога еден брод потонал на архипелагот Диего Рамирез кој е дури 60 милји југозападно од Кејп Хорн.

Пред во 1914-та година да биде прокопан Панамскиот канал, околу светот се пловело исклучиво околу Хорн, бидејќи едрењето низ Магелановиот премин е уште поопасно. Грубите проценки велат дека во овие опасни води животите ги изгубиле меѓу 6.000 и 8.000 поморци.

Инаку, Огнената земја или Тиера дел Фуего е озлогласена поради опасниот мореуз Ла Маире кај островот Естадос. Таму има морски струи и со брзина од 16 километри на час, а во судир со силни ветрови од спротивна насока, се создаваат најголемите пирамидални бранови на светот, кои може да бидат повисоки и од 20 метри.