Свет
13. јуни 2018 - 22:48

Ова е најтажна слика денеска: Дете се буди после операција и сфаќа дека е потполно слепо - ни таткото не може да го смири

Едно дете од Сирија остана слепо по експлозија на мина. Моментот кога тоа се буди после операцијата и сфаќа дека пред очите му е потполн мрак е нешто најтажно што денеска може да го видите.

Абдул Карем Хасан (10) од Сирија се разбуди по операцијата која му е направена во Турција.

На снимката од болнциа се гледа моментот кога детето сфаќа дека останало слепо. Во тој момент настапил ужасен страв и паника, а детето на сите начини се обидува да го утеши загрижениот татко.

Детето го довикува таткото и почнува да вреска. Кога таткото го прашува: Што ти треба?, детето истиот момент одговара: „Моите очи“.

На снимката се гледа дека детето има повреди и на рацете и на нозете зошто нагазило на мина во северна Сирија.

Неговото семејството поради војната било раселено од Хомс во Африн. Бил првиот ден од Рамазан кога Абдул играл во близина на куќата и нагазил на мина која засекогаш му го променила животот.