Живот
29. February 2016 - 22:24

Ова е најлошиот филм на светот: Заработи 600 милиони долари, а жените ги доведе до екстаза!

Во Лос Анџелес синоќа беше доделена наградата „Златна малина“ чија намена е за најлошите филмови и актери, и речиси сите „признаниа“ ги собра „50 нијанси на сиво“.
 
Еротската драма која благодарение на неверојатната реклама, заработи скоро 600 милиони долари, ги полуде жените и по некој маж... Без оглед на тоа што критичарите го демолираа, тој мина неверојатно во кината, а на задоволство на многуминаќе следи и продолжение.
„Златната малина“ ја добија Дакота Џонсон и Џејми и Дорнан, главните актери. Додека "50 нијанси на сиво", заедно со филмот "Fantastic Four", се прогласени за најлошо постигнување минатата година.