Ова е најголемата грешка што ја прават луѓето кога ќе се одлучат да се "стават" на диета

Откако ќе постигнете резултати, преќинете со тој режим на исхрана.
Студија објавена во научното списание "Ann Intern Med" покажува дека повеќето луѓе кои се одлучуваат на диета со која би изгубиле телесна тежина, обично ги враќаат изгубените килограми после неколку години. Голем дел од луѓето кои се одлучуваат да го намалуваат внесот на јагленихидрати и шеќер, се придржуваат кон тоа само одреден период.
Знаете како самите велиме дека треба да се "ставиме" на диета. Ова имплицира дека во одреден момент ќе запреме со истата, а не треба така да гледаме на ова. Луѓето често пати ги следат најновите трендови, додека пак најважни се основните правила и принципи на исхрана кои ја прават целата разлика и на кои треба највеќе да обрнеме внимание.
Експертот по вежбање Филип Станфорт и професор по кинезиоголија на Универзитетот во Тексас, вели дека најбитен елемент за кој треба да се запрашаат луѓето кои ќе започнат со диеата е дали може да продолжат со таквиот начин на исхрана до крајот на животот.
По првата фаза на диетата односно намалувањето на внесот на калории, поздравата исхрана и вежбањето треба да резултира со бавно губење на тежината. Експертите советуваат да се постигне ова така што со вежбањето ќе се потрошат повеќе калории отколку што ќе се внесат. Во исто време, можете да промените мал дел од исхраната и вежбањето.
Но во принцип ќе се придржувате на истата исхрана кога сте одлучиле да слабеете.
Голем дел од луѓето откако ќе ослабат, ја намалуваат физичката активност и јадат повеќе. Но ако и понатаму продолжат да ја јадат истата храна, размислуваат на начин така да се хранат до крајот на животот, но дел не размислуваат така, што е погрешно.
Ново на Сител
-
Мицкоски очекува намалување на инфлацијата во наредните месеци и нејзино сведување на 2 - 3 отсто следната година
-
Приведени двајца турски државјани, предизвикале пожар во Горно Нерези
-
Приведен возач на патот Гостивар-Кичево, престигнувал колона возила во непрегледна кривина
-
Околу 200 000 граѓани вадат документи онлајн, на uslugi.gov.mk се издаваат по 13.200 месечно
-
Над 100.000 гости на штипската ,,Пастрамалијада"
-
Сиљановска-Давкова ќе учествува на 80. Генерално собрание на ОН
-
Приведен 70-годишник од тетовско за предизвикување пожар
-
Работник повреден во фабрика во Кавадарци