Ова е најголемата грешка што ја прават луѓето кога ќе се одлучат да се "стават" на диета
Знаете и самите како се одвиваат работите кога ќе одлучите да се храните здраво. Исфрлете го од исхрана глутенот, кажете збогум на шеќерот, прекинете со внесување на јагленихидрати, и единство што треба е да чекате резултат на вага. Откако ќе постигнете резултати, преќинете со тој режим на исхрана.
Студија објавена во научното списание "Ann Intern Med" покажува дека повеќето луѓе кои се одлучуваат на диета со која би изгубиле телесна тежина, обично ги враќаат изгубените килограми после неколку години. Голем дел од луѓето кои се одлучуваат да го намалуваат внесот на јагленихидрати и шеќер, се придржуваат кон тоа само одреден период.
Знаете како самите велиме дека треба да се "ставиме" на диета. Ова имплицира дека во одреден момент ќе запреме со истата, а не треба така да гледаме на ова. Луѓето често пати ги следат најновите трендови, додека пак најважни се основните правила и принципи на исхрана кои ја прават целата разлика и на кои треба највеќе да обрнеме внимание.
Експертот по вежбање Филип Станфорт и професор по кинезиоголија на Универзитетот во Тексас, вели дека најбитен елемент за кој треба да се запрашаат луѓето кои ќе започнат со диеата е дали може да продолжат со таквиот начин на исхрана до крајот на животот.
По првата фаза на диетата односно намалувањето на внесот на калории, поздравата исхрана и вежбањето треба да резултира со бавно губење на тежината. Експертите советуваат да се постигне ова така што со вежбањето ќе се потрошат повеќе калории отколку што ќе се внесат. Во исто време, можете да промените мал дел од исхраната и вежбањето.
Но во принцип ќе се придржувате на истата исхрана кога сте одлучиле да слабеете.
Голем дел од луѓето откако ќе ослабат, ја намалуваат физичката активност и јадат повеќе. Но ако и понатаму продолжат да ја јадат истата храна, размислуваат на начин така да се хранат до крајот на животот, но дел не размислуваат така, што е погрешно.
Ново на Сител
-

Дипломатската служба на ЕУ предупредува: Одборот за мир на Трамп концентрира премногу моќ и ги крши принципите на ЕУ
-

ЕХФ ЕУРО 2026: Франција надмоќна против Португалија, постигна 28 голови во едно полувреме
-

Трамп се закани со 100-процентни царини за Канада доколку склучи трговски договор со Кина
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е штетен за Македонија
-

Филипче: Вратите на СДСМ се ширум отворени за секој чесен социјалдемократ, за секој работник, за секој интелектуалец кој ѝ мисли добро на државата
-

Лажен „лекар од Словенија“ измамил 86-годишна жена од Виница за 30.000 евра
-

Спасувачка акција во морскиот дел кај грчкиот остров Икарија за четворица исчезнати мигранти
-

ЕП: Почитувањето на демократијата, владеењето на правото и дијалогот се од суштинско значење за европската иднина на Србија
