Ова дете е алергично на сета можна храна дури и мирисот може да го убие: Смее да го јаде само ова!
Многу од нас би сакале да можат да јадат само брза храна секој ден. Но за детето Кристофер Катлада (6) тоа не е прашање на избор, тука бидејќи е алергичен на секоја друга храна на светот. Ова дете од Хјустон, Тексас има ретка и неизлечива болест која се вика еозинофлин езофагитис (ЕОЕ), што значи дека може да умре ако јаде или помириса повеќе од придуктите достапни за јадење за сите луѓе.
По година дена леквуање, лекарите заклучија дека Кристофер може да јаде само девет продукти: јаболка, грозје, обичен ориз, компир, домат, лимон и банани.
Другата храна му го отежнува хранопроводникот и дебелото црево и може да му се слоши. Неговиот имунолошки систем е слаб што значи дека не смее да биде на прометни места, како на пример ресторан со брза храна.
Неговата мајка Кели мора внимателно да ја провери и подготовката на сета храна, а тој не може да изеде ништо спонтано како неговите пријатели или помладата сестра.
Меѓутоа лекарите од детската болница го тестираа и утврдија дека може да јаде помфрит кој се прави во рестораните за брза храна, зошто се работи за компир кој се пржи во растително масло.
Секој ден по ова откритие семејството оди по помфрит во ресторанот за брза храна, за да му овозможат на синот да се чувствува нормално, пренесува Дејли Мејл.
Бидејќи тој не може да престојува на такво место поради својата болест, а тука доаѓаат и голем број луѓе, ресторанот одлучи да ја затвори својата врата на еден ден за да му овозможи на Кристофер да јаде помфрит колку што сака.
Децата кои имаат ЕОЕ мора да бидат тестирани на секој продукт. Со оглед на ризиците, ваквите тестови ги оптоваруваат и може да потраат.
До оваа болест доаѓа кога лицето има премногу бели крвни зрнца во својот хранопроводник и во дебелото црево.
ЕОЕ е откриен пред неколку години, па малку се знае за неговата точна причина.
Ново на Сител
-
Прифатено и второто обвиниение за Васев
-
Кумановец со „молотов коктел“ запалил трева во Средорек
-
Три лица се приведени за управување на возило под дејство на алкохол
-
Израел ги проширува операциите во централна Газа
-
Трипуновски: Земјоделците, задругите и преработувачите да ја поддржат кампањата „Македонско најдобро”
-
Успешно евакуиран повреден планинар кај камењарот на Пелистер
-
Кремљ: Путин е подготвен да разговара за мир во Украина, но сака да ги постигне своите цели
-
Мицкоски: На потегот од Климештани до Охрид вклучени 1 100 -1 200 работници, над 400 камиони и повеќе од 100 булдожери