Бизнис
2. February 2016 - 12:40

Отворени денови во Куманово на Катастарот и Управата за имотно правни работи

Жителите на Куманово денеска имаа можност за средба во рамки на отворените денови на Управата за имотно-правни работи и Агенцијата за катастар на недвижности со  директорите на овие институции Зоран Крстаноски и Славче Трпески.

Граѓаните кои имаат каков било проблем, нејаснотии и забелешки можат да дојдат денеска и утре, во канцелариите, каде заедничките тимови на Управата и на Агенцијата им нудат информации за надминување на проблемите.

На заедничката прес конференција, директорот на Управата за имотно-правни работи Крстаноски истакна дека кумановското одделение има најголема ефикасност во однос на решавање на предметите за приватизација.

- Од вкупно поднесените 17.800  барања за приватизација досега се завршени 73 проценти од барањата, што значи дека генерално во постапка остануваат околу 4.700 предмети кои се во постапка за докомплетирање и очекувам во наредниот период да донесеме првостепени решенија во однос на тие предемти, изјави Крстаноски.

Управата, рече директорот од 1 февруари активно се вклучува во реализацијата на проектот „Купи куќа за млади“ во 29 подрачни одделенија на Управата. Тој додаде дека обучени се дел од вработените да ги дадат потребните информации за бенефитите од проектот, како што потенцира, младите да ги добијат потребните информации за условите, на кој начин да се вклучат во проектот и да дојдат до сопствен дом.

- Информациите ќе можат заинтересираните граѓани да ги добијат во понеделник и вторник, определни како приемни денови од 10 до 15 часот. Од она што имаме како информации, голем е интересот на граѓаните и тука во Куманово, изјави Крстаноски.

Агенцијата за катастар на недвижности, рече директорот Славче Трпески, исто така е вклучена во проектот „Купи куќа за млади“ во делот каде што треба да се обезбедат парцели, државно земјиште кое понатаму Агенцијата го доставува до Министерството за транспорт и врски, со цел тоа да се урбанизира и да се продаде по едно евро за метар квадратен на граѓаните.

- До овој момент Агенцијата за катастар на недвижности успеа да обезбеди за сите општини во РМ државно земјиште кое што понатаму ќе може да биде урбанизирано. Од 80 општини колку што има во РМ за 45 општини веќе податоците се обработени и доставени се до Министерството, додека за преостанатите 35 до крајот на неделата ќе бидат готови податоците и ќе бидат доставени, истакна Трпески.

Тој појасни дека понатамошната постапка предвидува носење урбанистички план, по што парцелите се нудат на продажба по едно евро за метар квадратен.

Лани, информираше директрот Трспески, до кумановското одделение на Агенцијата за катастар на недвижности граѓаните доставиле 60.000 барања и нагласи дека сите биле решени во законскиот рок. Во кумановското одделение, нагласи, постапката за дигитализација на катастарските планови е комплетно завршена во делот на дигитализацијата, додека во делот на усогласувањето реализацијата изнесува 97 отсто усогласени податоци. Трпески очекува до крајот на март да заврши целокупната постапка за дигитализација и Куманово да ги има дигиталните планови за целата територија.

- Би сакал да напоменам дека одделението изминатата година запиша и 7.130 дивоградби, значи 7.000 дивоградби што ги легализирала општината веќе се запишани, луѓето добиле имотен лист. Сакам да апелирам до сите граѓани да ги искористат поволностите што ги дава Законот. Рокот за поднесување е до 31 март, оваа година и многу граѓани кои што досега не можеле да легализираат, бидејќи нивните објекти се наоѓале на приватно земјиште, со измените на Законот од минатата година веќе тоа е овозможено. Значи дека ако некогаш граѓаните дошле во општината и им рекле дека мора да ни донесет имотен лист оти земјиштето е ваше,веќе тоа е променето. Може да се легализира и на приватно земјиште, секако треба да се даде изјава дека објектот е изграден повеќе од 20 години, изајви Трпески.

Тој информираше дека Агенцијата за катастар на недвижности, односно шалтерското одделение од Куманово, кое моментно е сместено на вториот кат во  зградата позната како „стара општина“ ќе се префрли во просторија спроти општина Куманово согласно насоките на Владата на РМ да се обезбеди пристап и за хендикепирираните лица. Новата просторија која ќе отпочне да функционира за три неделни се наоѓа на улицата „11 Октовмри“ на површина од 110 метри квадратни.

Акцијата Отворени денови веќе привршува на ниво на Македонија. Досега се организирани отворени денови во 32 подрчани одделнија на Управата за имотно правни работи,толкав број и на Агенцијата за кататстар на недвижности, при што повеќе од 6.000 граѓани се обратиле до институциите и најголем дел добиле позитивен одговор на нивните барања, потреби, проблеми, информираа директорите на двете институции.