Отворени денови на ЕВН Македонија за разумно и безбедно користење на електрична енергија

Во 12 основни училишта во земјава каде се формирани енергетски клубови почна реализацијата на „Отворените денови за едукација за енергетска ефиксаност“ кои се дел од Училишниот проект на ЕВН Македонија. Околу 300 ученици пред наставниците, родителите, претставниците на локалната самоуправа ќе презентираат што научиле и изработиле во текот на целата учебна година.
- Подигнување на свеста за енергетска ефикасност преку континуирана настава за разумно и безбедно користење на електричната енергија е целта на Училишниот проект кој веќе 9 години го организира ЕВН Македонија. Во текот на оваа недела се одржуваа оторени денови во 12 различни училишта ширум Републиката, рече портпаролот на ЕВН Македонија, Атанас Ковачевски.
Тој додаде дека отворените денови се дел од локалните кампањи кои децата ги организираат за едукација на нивните родители, соученици и соседи за значењето на енергетската ефикасност. Сите учесници во Училишниот проект го очекуваат и веќе се подготвуваат за националниот квиз за енергетика, што ќе се одржи во Струга на 26 мај.
Преку современи методи за едукација, досега над 37.000 ученици во основните училишта од четврто до шестто одделение го зголемија знаењето за потеклото на електричната енергија, начините за заштеда, како и за безбедносните мерки при нејзиното користење. Децата, исто така, имаа можност, преку спроведување на локални промотивни кампањи да научат како стекнатото знаење да го пренесат на своите родители, соученици и целата локална заедница.
Училишниот проект на ЕВН Македонија е носител на награда за општествена одговорност и е уникатен пример за соработка меѓу приватниот и граѓанскиот сектор. Партнери во спроведувањето на проектот на ЕВН Македонија се граѓанските организации: Здружение Конект, Центар за енергетска ефикасност на Македонија (МАЦЕФ), Младински совет Охрид, Жетва на знаење од Прилеп и Планетум од Струмица.
Ново на Сител
-

Во Женева заврши првиот ден од преговорите меѓу Русија, САД и Украина
-

Тројца загинати во експлозија во зграда на руската воена полиција
-

Зеленски: Досега од Русија се вратени 2.000 украински деца
-

Укината забраната за сообраќај на камиони на патот Гостивар - Стража - Кичево
-

ФИФА загрижена поради слабиот интерес за Светското првенство 2026
-

Зголемени производството и продажбата на шумски сортименти во државните шуми
-

Врнежи од снег со послаб интензитет на Пониква, магла до 150 метри на Пресека
-

Судот го одби барањето за укинување на притворот на обвинетите Васев и Нухи во „Онкологија 2“
