Отворени денови на Централниот регистар во Штип и Кочани

Со цел граѓаните да се запознаат со работата на Централниот регистар на Република Македонија, но и со поволните мерки кои им се на располагање при регистрација на фирма, денеска во Штип и Кочани почнаа „Отворени денови со граѓаните“.
Директорот на Централниот регистар, Андреа Поповски, кој денеска присуствуваше на „Отворени денови со граѓаните“ во Штип истакна дека имаат позитивно искуство, бидејќи, нагласи, покрај поставените прашања се случува и граѓаните да дадат предлози и идеи за подобрувањето на работата на Централниот регистар, односно идеи за воведување нови услуги околу издавањето на податоците и регистрацијата на фирмите.
- Досега идеите и предлозите на нашите странки ги имаме имплементирано, а истото би го правеле и во текот на наредниот период, рече Поповски.
Тој истакна дека минатата година во Македонија се отворени околу 6.400 фирми согласно Законот за трговски друштва, а се затворени 4.700 правни субјекти. Тоа значи, вели Поповски, бројот на отворени фирми е за 50 проценти поголем во однос на оние кои се затворени.
- Тоа покажува дека сите позитивни политики на Владата позитивно се одразуваат во стопанството и имаме тренд на пораст на трговските друштва, вели Поповски.
Забележа дека со новите законски измени поедноставен е начинот за основање на фирма кој се прави по електронски пат. Централниот регистар не наплаќа за упис и за основање фирма, а од 1. ноември зголемен е бројот на регитрационите агенти. Покрај сметководителите, подвлече, регистрациони агенди можат да бидат и адвокатите.
- Имаме 450 регистрациони агенти, сметководители, Централниот регистар држеше и дополнителна обука за адвокатите, па во моментов бројката на регистрациони агенти е вкупно некаде околу 700, со тоа што треба да имате предвид дека веќе паралелно се вршат обуки за регистрациони агенти и очекуваме оваа бројка да биде околу 90-ини и тоа за краток временски период, рече Поповски.
Ново на Сител
-

Русија го затвора германскиот конзулат во Санкт Петербург
-

Србија на чекор до избори; Студентите со порака до Вучиќ - Претседателе, конечно си надлежен
-

Министерот за надворешни работи на БиХ го повлекува персоналот од амбасадата во Белград, најави намалување на односите со Србија на минимум
-

Во Албанија само во август 159 сообраќајни несреќи со 22 жртви, изречени над 47 илјади казни
-

ПМФЛ: Четврта победа на Струга на домашен терен без примен гол
-

Македонските фудбалери против Швајцарија стартуваат во ЛН
-

ЦУК: Регистрирани 26 пожари на отворен простор, пет се активни, шест се под контрола, а 15 се изгаснати
-

Горивата со нов скок - дизелот поскап за 6, бензините за 3 ден/л
