Бизнис
30. November 2015 - 8:36

Отворени денови на Централниот регистар

Централниот регистар на Република Македонија организира Отворени денови во регистрациските канцеларии низ државата. Акцијата почнува денеска од Штип и Кочани.

Отворените денови ќе продолжат утре во Струмица и Гевгелкија, во четврток на 3 декември во Берово и Делчево, во петок во Велес, на 7 декември ќе бидат во Прилеп и Кичево, на 9 декември во Тетово и Гостивар, на 10-ти во Битола и Ресен, на 11-ти во Кавадарци и Неготино, на 14 декември во Скопје и Куманово и на 15-ти во Охрид и Струга. 

Во рамки на акцијата тимови на Централниот регистар ќе бидат достапни да информирмираат за измените во законската регулатива, како и да одговарат на сите отворени прашања на граѓаните.

Ова е трета акција на Централниот регистар на Република Македонија.