Отворени денови на Агенцијата за вработување во Берово

Од 2016 година 60 отсто од услугите на Агенцијата за вработување, граѓаните ќе можат да ги добиваат преку електронскиот систем. За таа цел ќе се надградува системот на АВРМ преку кој ќе може електронски да се аплицира по одредени активни мерки за вработување, истакна директорот на Агенцијата за вработување, Влатко Поповски, денеска на отворените денови со Агенцијата во Берово.
Во рамките на кампањата „Отворени денови со Агенцијата“, Поповски одржа работна средба со невработени лица од Берово со цел тие поблиску да се запознаат со активните мерки за вработување, но и да се слушнат критиките од граѓаните за тоа што треба да се коригира во мерките на Владата на РМ кои ги спроведува АВРМ.
- Агенцијата во последните неколку години постојано го подига нивото на своето работење со креирање електронски систем на услуги кои се нудат преку веб-порталот, а се работи и на програми за вработување на ранливите категории на граѓани на кои им е потребна најголема помош, рече Поповски.
За младата генерација, директорот Поповски ги најави и новите мерки за вработување кои ќе започнат да се применуваат од 1 јануари 2016 година.
Владата на РМ во последните неколку години преку низа мерки постојано ја намалува невработеноста во Македонија, со што само преку проектот „Македонија вработува“, кој почна кон крајот на април оваа година, се вработени 9.600 невработени лица.
Ново на Сител
-

Србинка која изнајмувала стан во Центар физички и полово нападната од сопственикот на станот
-

Во Струмица, при сообраќајна несреќа тешко повреден 16-годишен мотоциклист
-

Бела прашкаста материја и марихуана пронајдени во испратен пакет за осуденик од КПУ „Идризово“
-

ЧетГПТ помогнал во создавање револуционерен третман за рак
-

Орбан: Ако Европа не ја поддржуваше Украина, веќе ќе имаше мировни преговори
-

Сопругата на Андреј од ДНК: „Најдолгата година“
-

Седлоски: Против Данска треба да одиграме храбро, нема што да изгубиме
-

Уапсен кавадарчанец, во два наврати е затекнат како управува мопед и возило без дозвола
