Отворена осмата манифестација „Вечери на женски права“

Со проекцијата на документарниот филм „Сибирска љубов“ во режија на Олга Делане од Русија, синоќа во Младинскиот културен центар беше отворена осмата манифестација „Вечери на женски права“.
Годинава манифестација за отворена ја прогласи градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски.
- Нашата работа во иднина ќе биде насочена кон креирање град, како средина за живеење и работа, во кој мажите и жените ќе имаат еднакви можности за остварување на својот личен, професионален, приватен, интимен, духовен и културен потенцијал. Рамноправното учество на мажите и жените во семејството и во работниот живот заедно со рамноправното учество на мажите и жените во процесот на одлучување сметаме дека се предуслов и основа за развој на еден модерен град, потенцира градоначалникот Трајановски.
Тој потсети дека на „Вечерите на женски права“ се прикажуваат документарни филмови од поновата регионална и светска продукција на различни теми, поврзани со родовата проблематика кои се проследени со дебати инспирирани од филмовите. Дополнително програмата е збогатена со меѓународна изложба на слики на тема „Супер хероини“, работилници за стрип, фотографија, раскажување и форум театар.
По проекцијата на „Сибирска љубов“, се обрати и режисерката Олга Делане, која дискутираше за значењето на филмот и за нејзината инспирација за него.
„Вечери на женски права“ се организира од 2010 година. Секоја година се одржува во Скопје, на различни локации како МКЦ, Кинотека на Македонија, киното „Милениум“, Музеј на Град Скопје... „Вечери на женски права“ е резултат на соработката меѓу Град Скопје, UN Women, Институтот за родови студии при Филозофски факултет на „Универзитет Кирил и Методиј“-Скопје и Универзитет за аудио-визуелни уметности – ЕСРА од Скопје. Оваа година настанот е во организација на Центарот за истражување и креирање политики – ЦИКП Скопје.
Ново на Сител
-

ОЈО Кочани ќе вложи жалба за мерката куќен притвор за двајцата вработени во УЈП, кои се поврзуваат со постапката за корупција со клубот „Пулс“
-

Во завршна фаза целосната реконструкција на салата „Расадник“
-

Неколкумина повредени откако гризли мечка нападна деца од основно училиште во Канада
-

Вработен во ЈП „Комунална Хигиена“ Скопје физички го нападнал неговиот колега со тврд предмет
-

Традиционалниот словенечки појадок одбележан во Скопје под мотото „Мојот избор е словенечка храна“
-

Растот на трошоците на домаќинствата во ЕУ лани речиси четири пати поголем отколку во 2023
-

Од денеска се затвора патниот правец Охрид-Ресен преку Галичица
-

Кривична против четири лица од Скопје, се заканиле со пиштол на едно лице и одзеле 188.600 денари и мобилен телефон
