Отворена нова истрага против Марин Ле Пен - за закани кон судии
Француските власти покренаа нова истрага против Марин Ле Пен, лидерката на десничарската партија Национален собир, која еден ден претходно беше прогласена за виновна за проневера на средства од Европскиот парламент.
Овој пат Ле Пен е осомничена за „закани кон судии“, пренесоа француските медиуми, повикувајќи се на судски извор.
Покрената е нова истрага по упатените закани до судиите на парискиот Кривичен суд кои во понеделникот ја осудија Марин Ле Пен на петгодишна забрана за учество на изборите, со моментален ефект“, пишуваат медиумите.
Еден ден претходно, Високиот совет на судии објави дека биле упатени закани до судиите кои претседаваат со случајот на Ле Пен по нејзината пресуда.
Канцеларијата на првиот претседател на Апелацискиот суд Жак Булард на социјалните мрежи пријави за „лични напади врз тројца судии во советот“.
Потоа, францускиот министер за правда Жералд Дарманин ги нарече заканите кон судиите неприфатливи, а премиерот Франсоа Бајру рече дека е невозможно да се критикуваат судските одлуки.
Судот во Париз вчера ја осуди Ле Пен на четири години затвор, од кои две беа условни, во случај на проневера на средства на Европскиот парламент. Политичарката нема да оди во затвор и ќе одлежи две години дома со електронска нараквица. Нејзе и било наредено да плати казна од 100.000 евра.
Покрај тоа, Ле Пен нема да може да се кандидира за некаква изборна функција во следните пет години, што значи дека нема да се кандидира за претседател на Франција во 2027 година.
Според студијата објавена од Журнал ду Диманше (Journal du Dimanche), 37 отсто од испитаниците биле подготвени да гласаат за политичарката во првиот круг од изборите, а таа води меѓу сите други потенцијални кандидати. Ле Пен три пати се кандидираше за претседател. Во 2012 година загуби во првото коло од Франсоа Оланд и Никола Саркози. Таа успеа во вториот круг во 2017 и 2022 година, но двата пати загуби од Емануел Макрон со мала разлика.
Ново на Сител
-
Инспекторатот на Општина Карпош провери 50 градби и изрече 26 казни
-
Синдикалната минимална кошница за април 2025 година изнесува 62.691 денари
-
Во Битола ќе се врши вонредно заловување на кучиња скитници во центарот на градот
-
Советот на Народната банка на седница ги усвои Годишниот извештај и Извештајот за ризиците во банкарскиот систем за 2024 година
-
Намален е бројот на годишни пријави за семејно насилство во Куманово
-
Собранието ќе добие ново лого
-
Домот на Фатмир Битиќи мета на крадци, украден сеф со злато, пари и рачни часовници
-
Собранието во рамки на 44. седница без расправа донесе повеќе законски решенија