Отворена меѓународната научна конференција „Идентитет и култура“
Околу 250 научни работници од признати универзитети, институти и културни институции од Русија, САД, Австралија, Малезија, Бразил, Сингапур, како и од државите на Западна и Источна Европа, Балканот и од Македонија учествуваат на третата годишна меѓународна научна конференција „Идентитет и култура“ 2015.
Конференцијата денеска беше отворена, а ќе се одржува до 5 септември во Скопје, во организација на Центарот за култура и културолошки студии (ЦККС).
- Според програмата, во наредните три дена ќе имаме можност да дадеме придонес во расветлувањето на поимот идентитет, кој сам по себе е еден од најшироките и најсложените поими и ќе ги дефинираме неговите релации со поимот култура. Понудените 250 реферати се добра основа дека ќе придонесеме за поцелосно научно расветлување на овие поими и ќе се обидеме да ги поставиме различните и често судрени концепти и да одговориме на некои прашања, истакна претседателката ЦККС Лорета Георгиевска-Јаковлева.
Овие три дена научниците ќе работат во пет паралелни секции во кои идентитетот ќе се разгледува во контекст на традицијата и културното наследство, политиките и меморијата, миграциите, граѓанството и територијата, простор, место и архитектура, глобализација и медиуми, јазик и комуникации...
Како новина, на конференцијата денеска ќе излагаат двајца воведни предавачи Милена Драгичевиќ-Шешиќ, професорка на Универзитетот за уметност во Белград и претседател на УНЕСКО за културни политики и менаџмент и Гај Старки, британски професор по медиуми и член на раководството на ЕКРЕА.
Покрај официјалната програма, која ќе се одвива три дена и на три јазици (македонски, англиски и руски) конференцијата и оваа година на странските учесници ќе им ги понуди природните и културните убавини на Матка и Охрид.
На конференцијата беа презентирани и 12 броја на списанието „Култура“, кое излегува на три јазици - македонски, англиски и руски.
Ново на Сител
-
Следната недела ќе се носат мерки за намалување на цените
-
Традиционално закројување на лозје во винаријата Монтеко – Кратово
-
Валентајн: Празник на љубовта или потсетник на осаменоста?
-
СДСМ не дава поддршка за промена на државниот грб
-
Таравари: Етничките прашања можат да се решат во пакет со химната и државниот грб
-
СДСМ ја повикува власта да ги поддржат мерките за подобрување на животниот стандард на граѓаните
-
ВМРО-ДПМНЕ поднесува повеќе законски измени
-
Перински: Општините веќе имаат поднесено дваестина апликации за финансирање на инфраструктурни проекти