Отворена изложба „Ана Франк - лекции за денес“
Во рамки на одбележувањето на Меѓународниот ден на холокаустот, денеска во ССОУ „Коле Неделковски“ во Велес беше отворена изложба на документи и фотографии „Ана Франк - лекции за денес“, која ќе може да се посети до 3 февруари.

Димитар Низамовски од Младинскиот образовен форум информираше дека на изложбата се постевени 39 панели, од кои 32 се за животот на еврејското девојче Ана Франк за време на војната, а седум се за животот на Евреите во Македонија.
- На овој начин сакам да ги запознаеме младите со дискриминацијата, расизмот, антисемитизмот и борбата со предрасудите и стереотипите и тоа дека не треба да судат за некого според потеклото, изгледот или која било друга основа, истакна Низамовски.
Материјалите поставени на изложбата се креирани од фондацијата „Ана Франк“ од Холандија, а за Евреите во Македонија автори се историчарите Мишо Догмановиќ и Бесник Емини. Покрај во Македонија, проектот ќе биде претставен и во Хрватска и Босна и Херцеговина.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Александар Трајановски, потпретседател на СДСМ
-

Марш на ангелите во Кочани
-

31 конгрес на СДСМ
-

Судии и обвинители пријавени за државен јавен обвинител, огласот истекува во понеделник
-

Последни проверки за „Безбеден град“
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ против безбедноста
-

Се подготвува извештајот кој треба да биде доставен до УНЕСКО
-

Протест за чист воздух во Струмица
